сабота, 20. јануари 2018. Вести денес: 2
home Фудбал

Модриќ призна даночното затајување

Модриќ призна даночното затајување

Хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ им признал на шпанските власти дека затаил данок и ќе плати 870.728, пренесува Мундо Депортиво.

Хрватот беше обвинет дека со својата сопруга Вања за наведената сума ја оштетил Шпанија на тој начин што во Луксмбург основал компанија, со цел да избегне плаќање даноците во 2013 и 2014 на име доход на договори за спонзорство.

Причината е тоа што во Луксембург данокот може да се намали на само еден процент, а во Шпанија даноците се движат од 30-51 процент.

Обвинителството ја истражува сметката на Модриќ на островот Ман, сместен меѓу Република Ирска и Англија.

Модриќ е еден во низата играчи обвинети во Шпанија за затајување данок по Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Радамел Фалкао, Алексис Санчез….