Фудбал

Многу лоша проценка на Барселона: Место четири милиони евра, сега ќе платат 140 милиони евра

Андони Зубизарета и неговите помошници во 2014 пристигнале во Мајорка да ја завршат работата, требало да платат 4 милиони евра за талентираниот офанзивен играч и немало никаков проблем, освен што сакале плаќањето да развлечат на повеќе години. Синоќа токму играчот кој не го купија за толку малку пари, Марко Асенсио блексаше против Барселона.

 

Мајорка не прифатила, ги сакале парите веднаш, а Барселона тоа го одбила, приоритет во тој момент им било да ја завршат работата со Бразилецот Даглас, потенцијалната замена за Дани Алвеш. Се се случувало во август 2014 година, на крајот Асенсио остана во Мајорка, а Бразилецот за 4 милиони евра пристигна во Барселона и може да се каже дека пропадна.

Потоа со помош на Рафа Надал брзо реагираше Реал и се договорија со Мајорка во ноември 2014 година, Асенсио за 4 милиони евра стана фудбалер на кралскиот клуб. Остнаа на позајмица во својот клуб, потоа една сезона ја помина во Еспањол, за да на крај добие шанса од Зидан во првата постава. Останатото веќе сите го гледаме.

Барселона најверојатно до крајот на преодниот рок ќе го доведе Кутињо, последната понуда од 140 милиони според англиските медиуми е прифатена, па Бразилецот ќе пристигне на Камп Ноу. Барселона ќе плати за играч со исти квалитети и карактеристики 35 пати повеќе значи.