Фудбал

Младите македонски фудбалери убедливи со 6:0 против Лихтенштајн

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години која веќе обезбеди пласман во елитната квалификациска рунда на УЕФА за пласман на ЕП, попладнево го победи Лихтенштајн на гостински терен со 6:0.

 

Димитар Митровски постигна хет-трик, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Дарко Чурлинов, Бојан Колевски и Бојан Миовски.

Ова беше последниот натпревар за „црвено-жолтите“ во квалификациската група каде беа и селекциите на Белгија и Швајцарија.

Нивниот меѓусебен денешен дуел одигран во Швајцарија заврши со победа на Белгија од 5:3.

Табела група – 5: Македонија 9 бода, Белгија 6, Швајцарија 3, Лихтенштајн 0.