Фудбал

Младиот Нури не може да мрда, да зборува и не ја препознава својата фамилија

Фудбалерот на Ајакс, Абделак Нури поминува низ тежок период, откако колабираше на терен на пријателската средба со Вердер.

20-годишникот заврши во болница, каде му беше пронајдено трајно оштетување на мозокот. Лошите вести од Холандија го обединија целиот фудбалски свет, кој испрати пораки за поддршка кон младиот фудбалер.

„Тој не може да мрда, ниту да зборува, а не може да не препознае нас, неговата фамилија. Тој не чувствува ништо и не може да слушне ништо. Вчера, докторите направија нови тестови и потврдија дека голем дел од неговиот мозок е оштетен и не функционира“ , изјави неговиот брат.