Фудбал

Минимална победа на Вардар во дербито над Пелистер

Шампионот на Македонија Вардар постигна минимална победа во дербито од 16.коло од Првата лига откако вечерва со 1:0 го совлада битолски Пелистер. Стрелец на единствениот гол беше Висар Муслиу во 65.минута.

На полувремето од натпреварот навивачката група на Вардар „Комити“ го одбележа својот 30.роденден.

Резултати на другите дуели од оваа рунда: Академија Пандев – Работнички 1:1, Победа – Силекс 0:2, Шкендија – Скопје 4:0 и Шкупи – Ренова 4:1.

Табела: Шкендија 40 бодови, Вардар 29, Академија Пандев 25, Силекс 25, Работнички 20, Шкупи 18, Ренова 17, Пелистер 15, Победа 15, Скопје 9.