понеделник, 16. јули 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан ја одби неочекуваната понуда на Вулверхемптон

Милан ја одби неочекуваната понуда на Вулверхемптон

Лидерот на Чемпионшип, Вулверхемптон му испрати изненадувачка понуда на Милан за напаѓачот Андреа Силва. Волците понудиле 35 милиони евра, но раководството на италијанскиот клуб одговорило негативно, пренесуваат медиумите на Апенинскиот Полуостров.

Во текот на летото, Милан плати 38 милиони на Порто за талентираниот напаѓач. Португалецот ја доби 9-ката на црвено-црниот дрес, но се уште нема погодок на 12 натпревари во Серија А.

Силва постигна два погодока за Милан на средбата со Шкендија во Милано во квалификациите за Лига Европа.