Фудбал

Меси го откри името на фудбалерот кој може да ги сруши неговите рекорди

Во Барселона од вчера во клубот има двајца играчи со презиме Меси. Имено, ѕвездата на каталонскиот клуб во Ла Масија го запиша својот 5 годишен син Тиаго.

 

Поради тоа новинарите ги интересираше дали може неговиот син еден ден да ги сруши сите негови рекорди, но Аргентинецот изненади со одговорот.

-Бенџамин(4 годишниот син на Луис Суарез) игра многу добро, а каква левица има. Тој би можел да биде тој, се нашали Меси, по почна да зборува за првите чекори на неговиот син во Ла Масија.

-Го сака фудбалот, ужива да доаѓа овде, сака да ме гледа мене на теренот.