Фудбал

Македонија скокна 32 позиции на најновата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација има сериозен скок на ФИФА ранг листата по победата над Израел и ремито против Албанија, сега сме 103. селекција во светот.

Победата над Израел и нерешениот резултат против Албанија и донесоа убав напредок на Македонија на најновата ФИФА ранг листа.

Позитивни резултати со две подобро рангирани селекции ја лансираа Македонија на 103. место што е за 32 позиции подобро од претходниот месец.

Промена има и на врвот, Германија сега е пред Бразил, а меѓу најдобрите десет се уште и Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Швајцарија, Франција, Чиле и Колумбија.

Нашиот следен противник, Италија со пад од пет позиции е на 17. место на табелата, Лихтенштајн со кој ги завршуваме квалификациите е 187.