Фудбал

Лудница во Милано: Бонучи пристигна во новиот клуб, навивачите во делириум! (ВИДЕО)

Бонучи со Милан веќе се има договорено за плата од 6 милиони евра, а ќе ја добие и капитенската лента.

 

Италијанскиот репрезентативец Леонардо Бонучи пристигна во Милано, во канцелариите на Милан, каде беше пречекан од стотина фанови, кои полудеа кога се појави автомобилот во кој патуваше Италијанецот.

Трансферот на Бонучи во Милан доаѓа откако преговорите со Јувентус завршија успешно. Двата тима се договорија за сума од 40 милиони евра плус 2 милиони евра бонус.

Бонучи со Милан веќе се има договорено за плата од 6 милиони евра, а ќе ја добие и капитенската лента.