Фудбал

ЛШ: Реал Мадрид рутински до триумф

Европскиот шампион Реал Мадрид рутински стигна до првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите. „Кралевите“ го совладаа АПОЕЛ со 3-0.

 

Победи постигнаа уште: Тотенхем, Бешикташ, Шахтјор и Манчестер Сити, додека три дуели завршија нерешено од кои два во групата Е.

Резултати на синоќа одиграните дуели од 1.коло:

Е група: Ливерпул – Севиља 2-2, Марибор – Спартак Москва 1-1.

Ф група: Шахтјор – Наполи 2-1, Феенорд – Манчестер Сити 0-4.

Г група: Порто – Бешикташ 1-3, Лајпциг – Монако 1-1.

Х група: Тотенхем – Борусија Дортмунд 3-1, Реал Мадрид – АПОЕЛ 3-0.