Фудбал

Лацио подобар од Рома во првиот натпревар од полуфиналето на купот

Два гола предност обезбеди екипата на Лацио по првиот меч од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија против Рома одигран синоќа во Рим. Конечниот резултат е 2:0, а стрелци на головите за „лацијалите“ беа Сергеј Миленковиќ-Савиќ во 29.минута и Чиро Имобиле во 78.минута.

Реваншот ќе се одигра на 5 април.

На првиот дуел од другата полуфинална пресметка Јувентус во Торино го победи Наполи со 3:1.