понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 162
home Фудбал

Куртоа не сака нов договор со Челзи, бара трансфер во Реал

Куртоа не сака нов договор со Челзи, бара трансфер во Реал

Белгискиот голман Тибо Курто сака да го напушти Челзи и да се пресели во Реал Мадрид, пренесува шпански Ас.

Куртоа има голема желба да се врати во Мадрид, но не во редовите на Атлетико каде настапуваше 2011 до 2014 година, туку во редовите на европскиот шампион каде му е резервирано местото прв голман.

Куртоа инсистира на трансфер во Реал, бидејќи неговите деца растат во Мадрид и затоа го одлага потпишувањето на нов договор со Челзи.

Неговите обврски кон лондонските „сини“ завршуваат летото 2019 година.

Курто е член на Челзи веќе шест години, три од нив беше на позајмица во Атлетико.