среда, 25. април 2018. Вести денес: 56
home Фудбал

Кралот на пороците отиде чекор подалеку: Големата фудбалска ѕвезда со цигари и алкохол ја прослави Новата година, го очекува казна (ВИДЕО)

Кралот на пороците отиде чекор подалеку: Големата фудбалска ѕвезда со цигари и алкохол ја прослави Новата година, го очекува казна (ВИДЕО)

Жал ми е поради се што се случи. Сакам да се забавувам со пријателите и славев Нова година, но отидов предалеку… Не сакав да оставам лош пример и поради тоа морам да се извинам, кажа на крајот фудбалерот.

И спортистите се луѓе, па нивниот строг режим понекогаш попушта. Посебно во периодот за божиќната пауза кога си дозволуваат малку повеќе храна или алкохол, но се во разумни количини.

Но, во оваа приказна малку предалеку отиде белгискиот играч од средниот и голема ѕвезда на Рома, кој е познат по бројните пороци. За Нова година тој направи глупост, се снимаше на Инстаграм како пуши и пие, со низа псовки…

Него му било одлично како што може да се види од снимката, но газдите и навивачите на Рома не се воодушевени од овој испад. Наинголан сега го чека казна од клубот.

Сепак, Раџа брзо се прибра.

Жал ми е поради се што се случи. Сакам да се забавувам со пријателите и славев Нова година, но отидов предалеку… Не сакав да оставам лош пример и поради тоа морам да се извинам, кажа Наинголан.

Познато е дека “нинџата“ е страствен пушач, а со ова видео направи и чекор подалеку. Сепак, на теренот е секогаш во право издание, оваа сезона на 21 натпревар за Рома има два гола и четири асистенции, па поради тоа се смета за еден од најдобрите играчи од средниот ред во Европа.