Фудбал

Крај на сезоната за Ибрахимовиќ

Шведскиот интернационалец во редовите на Манчестер Јунајтед, Злата Ибрахимовиќ ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната откако ги повреди лигаментите на коленето на синоќешниот натпревар против Андерлехт.

Со повреда се здоби откако непријатно доскокна во еден воздушен дуел, а потоа и падна на теренот.

Тренерот Жозе Мурињо уште вчера изјави дека стравува за повредата на Ибрахимовиќ.

 

Швеѓанецот ќе мора да замине и на дополнителни лекарски прегледи за да се утврди дали ќе мора да биде извршен и хируршки зафат.