Фудбал

Коста се враќа во Мадрид

Фудбалскиот клуб Челзи ја прифати понудата на Атлетико Мадрид за трансфер на Диего Коста во шпанскиот клуб, јавува Би-Би-Си.

Атлетико понуди 55 милиони евра за Челзи, плус 10 милиони евра преку бонуси, а комплетниот трансфер ќе биде објавен во јануари, кога на „Јорганџиите“ ќе им истече забраната за трансфери од Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Коста во наредните денови ќе направи лекарски прегледи и ќе се договори околу деталите за договорот со Мадриѓаните.

28-годинишниот фудбалер во 2014. година го напушти Атлетико и отиде во Челзи, каде три сезони беше прв напаѓач, но ова лето го загуби местото во тимот.

Коста поголемиот дел од летото го помина во радниот Бразил и не настапуваше за Челзи за време на сезоната. Тој за „сините“ одигра 120 натпревари и постигна 59 голови.