Фудбал

Конте: Видов се што сакав да видам

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, беше воодушевен од победа на својот тим против Карабах во Лигата на шампионите. „Сините“ од Лондон синоќа го совладаа азербејџанскиот шампион со 6:0.

– Давиде Запакоста за првпат се појави пред публиката на „Стемфорд Бриџ“, Батшуаи постигна гол, Азар се враќа во форма. Значи се е во ред. Видов се што сакав да видам, изјави Конте.

Тој им забележа на новинарите да бидат пообјективни кога критикуваат, алудирајќи на коментарите за составот со кој Челзи излезе на мечот со Карабах.

– Пред да ме критикуваат, треба да видат како се претставија овие момци. Јас имам група фудбалери и секој од нив може да се појави на теренот во секој момент за да помогне. На вакви натпревари многу е важно да се дава можност сите да ги покажат своите квалитети, нагласи Конте.