Фудбал

Конте: Ја преземам одговорноста за погрешната тактика

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте по ремито со Рома (3:3), изјави дека потегот да ја промени тактиката е погрешен и дека тој е одговорен за тоа.

– Се трудевме во првото полувреме, а одлуката да се смени тактиката беше погрешна. Многу импровизиравме. Постигнавме два гола, но ја немавме контролата на играта. Направив смена за да ја појачам играта на средината на теренот и мислам дека не успеав во тоа. Мора да го признаеме тоа, потенцира Италијанецот.

Конте им честита на своите играчи за големата борбеност и, како што рече, максималната борбеност.

Челзи е лидер во Ц-групата од ЛШ со седум бода, пред Рома која има пет, Атлетико Мадрид собра два, а Карабах еден бод на половина од натпреварите во групната фаза.