Фудбал

„Комити“ упатија повик до навивачите на Фенербахче- еве што им порачаа

Навивачката група „Комити“ во своето соопштение испрати порака и до фановите на Фенербахче кои ќе дојдат во Скопје:

 

Повик и до фановите на гостинскиот тим од земјава и странство, Немојте ниту вие да бидете дел од провокацијата која има за цел да креира вештачка нетрпеливост таму каде што ја нема. Јужната трибина е нашата светост како и Западната, и билети за Јужна трибина немојте да купувате, за да не бидете дел од едно лошо сценарио креирано против нас и вас…

Послушајте го нашиот пријателски повик и сместувајте се на Источната трибина која традиционално е резервирана за гостински навивачи. Доколку веќе сте купиле билети за Јужна, заменете ги за Источната по иста цена се. Вие не сте виновни, но тоа се емоции кои вие како вистински навивачи на вашиот клуб ќе ги разберете доколку се ставите во нашата позиција…