недела, 23. септември 2018. Вести денес: 53
home Фудбал

Клоп: Шест бода во три дена е голема работа

Клоп: Шест бода во три дена е голема работа

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази задоволство од победата над Барнли и успешниот почеток на новата година.

„Црвените“ одиграа два натпревара во рок од 48 часа и освоија максимални шест бода.

– Завршивме огромна работа. Победивме два натпревара во краток период. Што се однесува до тоа дали заслужуваме победа над Барнли, не ми е гајле. Најважно е што ги освоивме бодовите, истакна Клоп.

Германскиот фудбалски стручњак се осврна и на пласманот на табелата во Премиер лигата.

– Во моментов сме четврти. Полека се доближуваме до водечките екипи. Ќе се обидеме да ја намалуваме разликата и ако може да направиме прогрес, рече предводникот на Ливерпул.