Фудбал

Клоп потврди: Кутињо нема да игра на првиот натпревар од Премиер лигата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека Филип Кутињо нема да биде во тимот на натпреварот против Ватфорд поради повреда на грбот.

-Не, нема да игра. Нема тренирано од минатиот петок. За жал, тој е под знак прашалник и за во вторник (за натпреварот против Хофенхајм во квалификациите од Лигата на шампионите), изјави Клоп.

Ливерпул претходно денеска соопшти дека Кутињо не е на продажба и оти нема да го напушти Енфилд во летниот трансфер период.

Кутињо е голема желба на Барселона. Каталонците го гледаат Бразилецот како замена за Нејмар, но Ливерпул ги одби двете понуди од шпанскиот клуб. Последната понуда од 100 милиони евра, „Црвените“ ја одбија во средата.