Фудбал

Касемиро: Во фудбалот се случуваат и нефер работи

Бразилскиот интернационалец од Реал Мадрид беше многу разочаран по синоќешниот пораз од Бетис (0:1). Неговиот тим и покрај поголемиот посед на топка и многуте шанси за гол не успеа да реализира, а во претпоследната минута од судиското надополнување гостите од Севиља постигнаа погодок и ги освоија бодовите.

 

– Многу се трудевме и горевме од желба да победиме. Создадовме многу шанси за гол, но кога не сака – не сака. Едноставно немавме среќа. Но тоа е фудбалот. Понекогаш работите не се фер. Во секој случај честитки за победата на Бетис, изјави Касемиро.

25-годишниот фудбалер од средниот ред очекува Реал да се врати на победничките патеки и повторно да биде на врвот.

– Ние сме истиот тим кој минатата сезона освојуваше трофеи. Треба добро да размислиме и да почнеме да победуваме. Седумте бодови предност што ги има Барселона не се недостижни. Уште сме во раната фаза на првенството и до крајот има многу да се игра, додаде Касемиро.