Фудбал

Карлос Бака: Играв за Милан кога беше најлош во историјата

Колумбискиот напаѓач Карлос Бака рече дека во последниве години, кога настапуваше за Милан, тимот прикажуваше најслаби партии во историјата, иако за сопствениот ефект нема забелешки.

Бака во Милан пристигна 2015 година, а во средината на август оваа година е пратен на позајмица во Виљареал.

– Од аспект на индивидуалните игри јас сум задоволен, но имав несреќа да бидам дел од Милан кога клубот го имаше најлошиот период во историјата. Можеше да биде подобро, но недостасуваше поддршка од раководството. По 30 години претседателот Силвио Берлускони одлучи да го продаде клубот, а идеите на тренерот Винченцо  Монтела и новите сопственици се разликуваат, рече Бака.

Заминав од клубот со дигната глава. Милан игра во Европа, а придонесе за тоа имам и јас. Драго ми е што Милан игра во европските натпреварувања, бидејќи тоа беше и мојата цел, кога заминав од Севилја, заклучи Бака.

Тој за две години поминати во Милан постигна 34 гола на 76 натпревари.