Фудбал

Јувентус со убедлив триумф ја почна одбраната на Скудетото

Победа со 3:0 оствари актуелниот шампион на Италија, вечерва на домашен терен над Каљари. Гостите при резултат 1:0 не реализираа пенал, односно ударот од 11 метри на Диего Фариас го одбрани Џанлуиџи Буфон.

Стрелци на головите за „старата дама“ беа Марио Манџукиќ, Пауло Дибала и Сами Кедира.

Вечерва од 20:45 часот во вториот дуел од новата сезона на Серија А се среќаваат Верона и Наполи.

Другите натпревари од премиерната рунда во најквалитетното фудбалско првенство на Италија се играат утре. Двојките се:
Аталанта – Рома,
Болоња – Торино,
Кротоне – Милан,
Интер – Фиорентина,
Лацио – СПАЛ,
Сампдорија – Беневенто,
Сасуоло – Џенова и
Удинезе – Киево.