Фудбал

Јувентус одби понуда од 100 милиони евра

Италијанскиот шампион Јувентус ја одби понудата на Челзи за Гонзало Игуаин вредна 100 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

„Старата дама“ го доведе Аргентинецот пред само една година од Наполи за 90 милиони евра, а постигна 32 гола во дебитантската сезона во Торино.

Челзи бара нов предводник во нападот, приоритет на Антонио Конте беше Ромел Лукаку, но тој потпиша за Манчестер Јунајтед.

Се шпекулира дека се заинтересирани и за напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората, но Шпанецот не е премногу заинтересиран за преселба на Стемфорд Бриџ.