четврток, 18. јануари 2018. Вести денес: 105
home Фудбал

Јувентус има најголема штета од ВАР системот- одлуките на судиите контра шампионот

Јувентус има најголема штета од ВАР системот- одлуките на судиите контра шампионот

Според податоците, од големите екипи во Серија А, арбитрите најмногу корегирале одлуки кои претходно биле досудени во корист на Јувентус

Воведувањето на системот за повторени снимки во италијанското првенство донесе многу контроверзни моменти. Некои сметаат дека гледањето на повторените ситуации се лоши за фудбалот, додека според други, на тој начин се намалуваат грешките кои ги прават судиите.Во првиот дел од сезоната во Серија А, судиите често ја користеа повторената снимка за да се уверат дали донеле правилна одлука. Според направените статистики, од големите екипи во калчото, судиите најмногу грешеле, во корист на Јувентус.

Судиите кога ја делеле правдата на мечевите на најтрофејниот италијански тим, дури пет пати морале да ја корегираат одлуката на штета на Јувентус, откако ќе ја прегледале снимката. Во корист на Јувентус биле само две ситуации кои судиите ги згрешиле и морале да користат снимка.

Најголема корист од ВАР системот има Рома. Во корист на „Римската волчица“ биле дури четири ситуации кои морале да имаат повторена снимка. Против Рома имало само една таква ситуација.

Еве ја табелата на ВАР ситуации на најголемите италијански клубови.