Фудбал

Јувентус и Барселона директно ќе преминат на изведување пенали

Доколку Јувентус и Барселона се паднат во меѓусебен дуел во четвртфиналето од Лигата на шампионите, тогаш директно ќе се премине на изведување на пенали…

 

Ова е само една од шегите на социјалните мрежи, откако и за шпанскиот (два пенала) и за италијанскиот гигант (еден пенал) беа досудени во осминафиналните мечеви против ПСЖ, односно Порто.

За оваа шега да стане и денеска актуелна е ждрепката која пред малку заврши во Нион, а според која токму Јувентус и Барселона ќе се судрат во четвртфиналето од ЛШ.

Во фудбалската јавнос особено се крена прашина откако Барселона со судиска помош и два досудени пенали успеа да го победи ПСЖ со 6:1 на домашен терен и да премине во следната фаза.

Кога Јувентус пак е во прашање, италијанскиот шампион и така од минатото го бие лош глас, па освен досудениот пенал пред една недела во 97-та минута против Милан во Серија А, „Старата дама“ доби удар од белата точка и во вторникот на мечот против Порто, што сепак за разлика од вториот пенал досуден за Барса против ПСЖ, оној кој го доби Јувентус беше сосема заслужен.

Којзнае, можеби двомечот меѓу Јуве и Барса навистина ќе биде решен на пенали…