Фудбал

Јунајтед ефикасен на првиот подготвителен натпревар за новата сезона

Манчестер Јунајтед го победи ЛА Галакси со 5:2 во првиот дуел на премиерлигашот во рамките на подготовките за новата сезона.

Избраниците на Жозе Мурињо во САД се подготвуваат за претстојната сезона во Англија.

Головите за Јунајтед ги постигнаа Маркус Рашфорд (два), Маруан Фелаини, Хенрик Михтарјан и Антони Марсиал. Двоен стрелец за домаќинот беше Џовани Дос Сантос.