среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 76
home Фудбал

ХОРОР: Хулигани крвнички претепаа цела екипа, фудбалерите се онесвестувале од ќотек (ВИДЕО)

Атакот не запрел ниту во соблекувалната каде што крвнички, буквално до онесвестување биле тепани фудбалерите.
ХОРОР: Хулигани крвнички претепаа цела екипа, фудбалерите се онесвестувале од ќотек (ВИДЕО)

Се случи сериозен инцидент на еден од натпреварите во аматерските лига во Турција.

Средбата помеѓу Јени Чанспор и  Султангази заврши нерешено со 2-2. Но, токму тогаш почна хорор.

Откако завршил натпреварот, на терен влетале хулигани на домашната екипа и започнале да ги тепат гостите.

Атакот не запрел ниту во соблекувалната каде што крвнички, буквално до онесвестување биле тепани фудбалерите.

Од видеото може да се види како некој од гостинските фудбалери онесвестени лежат на подот, додека други во паника со раскрвавени глави пробуваат да се засолнат.

Турските медиуми пишуваат дека пет фудбалери со сериозни повреди биле веднаш хоспитализирани во болница.