Фудбал

Хоџсон назначен за нов менаџер на Кристал Палас

Поранешниот селектор на Англија, Рој Хоџсон и официјално е поставен за нов менаџер на Кристал Палас.

Тој доаѓа на местото на Франк де Бур кој на клупата на Кристал Палас остана само 77 дена и беше отпуштен поради слаби резултати.

Хоџсон потпиша договор на две години. Негов последен ангажман беше селектор на Англија на Европското првенство минатото лето кога неговата селекција претрпе елиминацијата во осминафиналето од Исланд. Претходно во Премиер лигата ги предводеше Блекбурн, Фулам, Ливерпул и ВБА.

Кристал Палас е во незавидна ситуација во Премиер лигата со четири порази во почетните четири рунди. 70-годишниот Хоџсон ќе има тешка задача да ја врати разнишаната самодоверба во тимот и да почне да освојува бодови. Првиот тест ќе го има веќе в сабота кога Кристал Палас го пречекува Саутемптон.