среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 120
home Фудбал

Гвардиола: Давид Силва ќе се врати кога ќе биде подготвен

Менаџерот на лидерот на Премиер лигата (Манчестер Сити) Пеп Гвардиола на последните два натпревара на својот тим не можеше да смета на еден од најдобрите играчи, сонародникот Давид Силва.
Гвардиола: Давид Силва ќе се врати кога ќе биде подготвен

Играчот отсуствува од приватни причини.

– Ќе се врати кога ќе биде подготвен. Приватниот живот е многу поважен од било која ситуација, изјави Гвардиола за британските медиуми.

Силва веќе пропушти два дуела (против Њукасл и Кристал Палас) на својот тим, а се наоѓаше во одлична форма и на три дуели во серија постигна четири голови.

Манчестер Сити вечерва го игра дуелот од 22. коло и е домаќин на Вотфорд.