Фудбал

Градскиот парк во црвено-црно: Скопје подготвено за историскиот натпревар (ФОТО)

Сите патишта водат кон Арената „Филип Втори“. Скопје се подготвува за историскиот настап на Вардар во Лига Европа.

Арената „Филип Втори“ се полни пред почетокот на натпреварот меѓу Вардар и Зенит.

Историскиот натпревар за Вардар ќе почне во 21:05.

Вардар оваа сезона стана првиот фудбалки клуб од Македонија кој се квалификуваше во Лига Европа. Оваа сезона во Скопје ќе гостуваат Зенит, Реал Сосиедад и Розенбург.