Фудбал

Градски ривали од САД се заинтересирани за Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ е слободен играч од ова лето, откако го раскина договорот за соработка со Манчестер Јунајтед.

Швеѓанецот доживеа тешка повреда при крајот на сезоната и сигурно ќе паузира до крајот на годината, но и покрај тоа се појавија клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.

Меѓут нив се клубовите од МЛС лигата, градските ривали Лос Анџелес Галакси и ФК Лос Анџелес.

Ибрахимовиќ во минатата сезона имаше постигна 28 голови за „Црвените ѓаволи“.

Сепак, на натпреварот со Андерлехт доживеа страшна повреда на коленото поради што ќе паузира уште некое време.