Фудбал

Ѓорѓиоски: Македонија се гордее што е организатор на Супер Купот 2017

Претседателот на нашата фудбалска куќа Илчо Ѓорѓиоски истакна дека ова е голема укажана доверба која мора да се оправда.

 

-Ние сме горди што како ФФМ го заслуживме ова и ја добивме можноста да бидеме организатор на најголемиот спортски настан што ќе се случи во историјата на Македонија. Исто така едно голема благодарам и до УЕФА за укажаната доверба. Овој настани сигурно дека ни отвора можности за во иднина да организираме други големи натпреварувања. За првпат ќе се одигра ваков настан што беше сон на многу генерации фудбалски работници и фанови во Македонија. Но се ова немаше да биде доколку не ја имавме оваа фудбалка арена , еден од најубавите стадиони во регионот, кој го добивме со помош на локалната самоуправа и Владата. Мене лично ми е голема чест и задоволств што Пандев ќе биде заштитно лице на УЕФА Суперкупот, рече претседателот.

Како што е познато, УЕФА Суперкупот 2017 година ќе се одржи во Скопје, на арената „Филип Втори “ на 8 август, а во него силите ќе ги одмерат победниците на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.