Фудбал

Газета дело Спорт: Анчелоти во преговори со Хрватска

Реномираниот спортски весник „Газета дело Спорт“ објави информација дека Карло Анчелоти би можел да биде новиот селектор на хрватската фудбалска репрезентација.

 

Италијанецот е без ангажман по неодамнешниот отказ од Баерн, а интерес за негов ангажман пројавиле челниците на Хрватскиот сојуз.

Според Газета веќе се почнати првични разговори меѓу двете страни и останува да се види како ќе завршат. Наводно, на Анчелоти му е понудено да ја предводи Хрватска на Светско првенство во Русија 2018 година, доколку „коцкестите“ бидат подобри во баражот со Грција.

Во моментов селекторската функција во Хрватска ја извршува Златко Далиќ кој е поставен за в.д. селектор по отказот врачен на Анте Чачиќ.