Фудбал

Фудбал У-21: Висок пораз на Македонија од Австрија

Македонската репрезентација составена од фудбалери до 21 година попладнево на „Филип Втори“ во Скопје е поразена од соодветната селекција на Австрија со 4:0.

Стрелци на головите беа Арнел Јакуповиќ (два), Матијас Хонсак и Конрад Лаимер.

За Македонија најголемата шанса за гол ја пропушти Бекир Исени кој не реализира пенал во 85. минута.

Австријците мечот го решија уште во првото полувреме по кое водеа со 3:0.

По овој пораз (вкупно трет), избраниците на селекторот Благоја Милевски речиси ги загубија сите шансите за освојување на една од првите две позиции во групата и пласман на Европското првенство 2019 во Италија.

Од оваа квалификациска група денеска Србија на гостински терен ја победи Ерменија со 1:0.

Табела 7-група: Србија 15 бода (5 натпревари), Русија 10 (5), Австрија 9 (5), Ерменија 7 (7), Гибралтар 3 (6), Македонија 3 (4).