Фудбал

ФОТО: Нејмар ангажираше познат УФЦ борец како личен бодигард!

Најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот, Нејмар ангажираше за своја заштита францускиот ММА борец Нордин Талеб, објавија светските медиуми.

 

ПСЖ го привлече бразилскиот репрезентативец за рекордни 222 милиони евра, а напаѓачот добива над половина милион евра плата на недела, па може спокојно да си ангажира телохранител од ММА, откако има и неколку непријатели.

Нејмар е свесен дека постојано ќе биде опкружен со навивачи, а тоа е една од причините да се погрижи за безбедноста со ангажирањето на 36-годишниот борец од алжирско потекло.

Нордин Талеб се натпреваруваше за последно во мај, кога го победи Швеѓанецот Оливер Енкамп. Тој има биланс од 13 победи и 4 порази, а 6 од успесите му се по нокаут.