Фудбал

ФОТО: Физичка пресметка по крајот на мечот меѓу Вардар и Фенербахче!

По завршувањето на мечот, искусниот репрезентативен голман на Фенербахче, Волкан Демирел, кој на мечот остана на резервната клупа се впушти во физичка пресметка со дел од редарите на најголемиот македонски стадион, објави спортскиот портал ЕКИПА.

 

Демирел притоа не дозволуваше ниту радост на македонските фудбалери, со вулгарни зборови обраќајќи се до членовите и на Вардар, а на крајот со срамни гестикулации и кон навивачите беше присилно повлечен во подтрибинскиот простор.

Повеќе фотографии на Екипа.мк