Фудбал

ФОТО: Бонучи ќе биде нов капитен на Милан, трансферот е завршена работа

Corriere dello sport јавува дека Бонучи ќе ја добие и капитенската лента во Милан и ќе биде прв капитен на „росонерите“.

Речиси сите релевантни италијански спортски медиуми, вклучувајќи го и најголемиот инсајдер во фудбалот, експертот Џанлука Ди Марцио утрово потврдуваат дека Јувентус ја прифатил понудата на Милан за Леонардо Бонучи и централниот дефанзивец го облекува дресот на „росонерите“.

Бонучи за сума од 40 милиони евра по шест години го напушта Јувентус и се сели во Милан. Договорот е постигнат доцна синоќа, според кој Бонучи ќе заработува 6 милиони евра по сезона. Истиот ќе се официјализира во текот на денешниот ден, откако ќе се средат уште одредени формалности.

Бонучи ќе биде деветтото засилување за Милан сезонава, со што трофејниот клуб со сигурност најавува дека се враќа на шампионските патеки и ќе се обиде да мu ги помати сметките на Јувентус во борбата за Скудетото.

Неговите пријатели на социјалните мреж=и веќе го потврдија трансферот.

Corriere dello sport јавува дека Бонучи ќе ја добие и капитенската лента во Милан и ќе биде прв капитен на „росонерите“, ако се земе во предвид дека и Рикардо Монтоливо и Игнацио Абате следната сезона нема да бидат стартери.