вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 77
home Фудбал

ФИФА бара објаснување од Русија за исчезнатите примероци од допинг-котроли

ФИФА бара објаснување од Русија за исчезнатите примероци од допинг-котроли

Светската фудбалска федерација (ФИФА) побара објаснување од Руската агенција за борба против допингувањето, како исчезнаа примероците од 19 фудбалери кое се осомничени за користење недозволени средства.

Според правилата, примероците треба да се чуваат најмалку десет години и да се предадат на ФИФА доколку е тоа побарано.

Сепак, примероците ги нема, а ФИФА се закани со жестоки санкции кон Русија доколку не се реши случајот наскоро.