Фудбал

Еве колку ќе чинат билетите за натпреварот Фенербахче – Вардар

Билетите за историскиот меч на Вардар против Фенербахче веќе се во продажба, а цената за место на стадионот „Шукру Сарачоглу” во Истанбул се движи од 500 денари до 100 евра.

Најевтините билети се за места зад головите, а ВИП позициите чинат насјкапо, точно 400 лири, или во денарска против вредност околу 6 илјади денари.

Капацитетот на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул е 50 илјади места и се очекува да биде комплетно исполнет.

Вардар има одлична предост од 2:0 по првиот меч, а реваншот ќе се игра во четврток во терминот од 19,30 ч. Подобриот од двата тима ќе игра во фазата по групи во Европа Лигата на УЕФА.