понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 162
home Фудбал

ЕМОТИВНО И ЗАГРИЖУВАЧКИ: Ова е причината поради која Силва отсуствува од теренот

Давид Силва преку друштвените мрежи ја откри вистинската причина поради која е надвор од терените и ги шокираше сите.
ЕМОТИВНО И ЗАГРИЖУВАЧКИ: Ова е причината поради која Силва отсуствува од теренот

Шпанскиот фудбалер од редовите на Манчестер Сити денес се огласи за причината поради која отсуства од терените и со тоа навистина го шокираше светот.

Давид Силва преку друштвените мрежи ја откри вистинската причина поради која е надвор од терените и ги шокираше сите.

-Сакам да се заблагодарам на сите убави пораки и желби кои ги добив во последните неколку недели. Посебна благодарност сакам да истаканм до соиграчите, менаџерот и сите во клубот бидејќи имаа разбирање за мојата ситуација. Сакам да споделам со сите дека мојот син Матео се роди екстремно предвреме и дека секојдневно се бори за живот со помош на лекарите, гласи официјалното соопштение на Силва кој дефинитивно минува тежок период од животот.

По ова негово соопштение стана јасно зошто фудбалерот од 23 декември не е во составот на Манчестер Сити.