Фудбал

Додека тој играше натпревар, неговата сопруга ја претепа љубовницата на стадионот

Двете најважни жени во животот на романскиот играч од средниот ред, Овидиу Попески, се сретнале на стадионот за време на натпреварот на неговата Стеауа. За жал, не сретнале неговата жена и мајка, туку неговата жена и љубовница…

 

Колку долго чекав да те претепам, и викала Алина Попеску на љубовницата на својот сопруг, Овидиу Попески. Додека нејзиниот сопруг играл за Стеауа, несреќната жена конечно добила шанса за одмазда. А може и да се каже дека ја искористила.

Љубовницата, позната само како Ада, извлекла многу потежок крај во оваа битка и на крајот поради повредите завршила во болница.

-Имав афера со нејзиниот сопруг, а таа се одлучи да ми се одмазди. Ме фати, ме изгреба, ме удираше со шака во лице, ми ја расече усната… Нејзиното однесување не е нормално, иако гледајќи од морална страна, свесна сум дека и јас грешев, кажала Ада.

Тепачката, или поточно претепувањето, се случило во тоалетот на стадионот, а љубовницата Ада најавува тужба.

Овидиу се уште се нема огласано, но според информациите од Романија, сега не го сака ниту сопругата Алина, а ниту љубовницата Ада…