вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 77
home Фудбал

Дембеле целосно подготвен, се враќа за дуелот со Селта

Дембеле целосно подготвен, се враќа за дуелот со Селта

Усман Дембеле веќе е целосно рехабилитиран од неговата повреда и е подготвен да се врати во тимот на Барселона, соопшти каталонскиот клуб.

Французинот беше надвор од терените три и пол месеци.

– По долго лекување на повреда на левиот бутен мускул 20-годишниот Дембеле веќе е на располагање на тренерот Ернесто Валверде, соопшти Барселона на официјалниот клупски сајт.

Дембеле се повреди на 16 септември на натпреварот со Гетафе. Тој беше подложен на операција во Финска.

Се очекува Французинот да биде дел од тимот на Барселона за утрешниот куп дуел со Селта.