Фудбал

Буфон ја одби Барселона поради Јувентус

Џанлуиџи Буфон неодамна објави дека ќе ја заврши својата кариера на крајот од оваа сезона. Легендарниот Џиџи имал желба да се прости од професионалниот фудбал по Светското првенство во Русија, но ова нема да се случи, бидејќи Италија не успеа да се пласира на Мундијалот.

Буфон кариерата ја почна во Парма, каде што, како тинејџер, покажа дека ќе биде одличен голман. Летото 2001 година, тој одлучи да го смени клубот и да ја продолжи својата кариера во Јувентус, каде што го стекнал статусот на легенда. Јувентус е клубот што му дал се на Буфон, а тој благодарноста ја докажа со останувањето во Торино и покрај неколкуте примамливи понуди што до него стигнале во текот на кариерата.

Шпанските објавија интересна приказна од 2001 година кога Барселона се обиде да го убеди Буфон да дојде на „Капм Ноу“. Според тврдењата на „Мундо Депортиво“ италијанскиот голман се сретнал со предводниците на Барселона на кои им соопштил дека не може да ја прифати понудата.

– Жал ми е, благодарам за понудата, но веќе постигнав договор со Јувентус, им рекол Буфон на Каталонците.