Фудбал

Билиќ пред отказ во Вест Хем

Брајтон го победи Вест Хем во Лондон со убедлив резултат од 3:0 во првиот натпревар од деветтата рунда од Премиер Лигата и најверојатно му „пресуди“ на менаџерот Славен Билиќ кој во неколку наврати претходно се спасуваше од отказ.

– Ја преземам одговорноста за поразот. Не сме во добра ситуација. Управата ќе одлучи како понатаму, изјави Хрватот синоќа.

По овој пораз Вест Хем остана на 17-та позиција на табелата со осум бода од девет натпревари и само чудо може да го спаси Хрватот и натаму да остане на тренерската позиција.

Покрај поразот, Билиќ уште одма по натпреварот беше изложен на критики од домашните навивачи и поради слабата игра.

Евентуална победа за Лестер во ова коло, ќе значи пад на Вест Хем на 18. Место, односно ќе се најде во зоната на испаѓање, дијаметрално спротивно од амбициите за висок пласман кои постоеја пред почетокот на сезоната.