Фудбал

Билетите за Мундијалот во Русија од 80 до 1000 евра

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денес на пладне преку својата веб страница ќе ја почне продажбата и резервацијата на влезниците за Мундијалот 2018 што ќе се игра во Русија.

Во зависност од атрактивноста местоположбата на стадионите и фазата на натпреварувањето, цената на билетите ќе се движи од 88 до 917 евра.

За руските државјани ќе бидат обезбедени посебни влезници кои ќе чинат од 18 до 102 евра.

На Мундијалот во Русија ќе се играат 64 натпревари на 12 стадиони во 11 града.