Фудбал

Белгиецот останува верен на Челзи

Управата на лондонскиот фудбалски клуб Челзи започна преговори со Тибо Куртоа за продолжување на соработката.

Одличниот голман во Челзи пристигна во 2011 година, па беше испратен во Атлетико Мадрид, каде што три години помина на позајмица.

Мурињо го врати во Челзи и веднаш стана прв голман и од тогаш е неприкосновен помеѓу стативите на лондонската екипа.

Деталите околу новиот договор на Куртоа со управата на Челзи уште не се познати.