Фудбал

Барселона упорна, испраќа четврта понуда за Кутињо

Барселона подготвува нова понуда за бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо. Каталонците овој пат на Ливерпул ќе му понудат 150 милиони евра, јави „Скај спорт“.

 

Во четвртата понуда, Барселона изрази подготвеност на премиерлигашот веднаш да му исплати 100 милиони евра, а 50 милиони евра преку бонуси кои ќе бидат поврзани со настапи во Лигата на шампионите.

Барселона е охрабрена во намерата да го ангажира Бразилецот, бидејќи Кутињо е решен да се пресели на „Камп Ноу“.

Оваа сезона Кутињо не играше ниту еден официјален натпревар за Ливерпул, наводно поради повреда, но се шпекулира дека тој ги пропушти трите натпревари токму поради можен трансфер.

Барселона сака со Кутињо да го полни испразнетото место по одењето на неговиот наследник во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.