среда, 26. септември 2018. Вести денес: 1
home Фудбал

Барселона подготвена да го испрати Рафиња на позајмица во Интер

Раководството на Барселона е подготвено да го ослободи играчот од средниот ред Рафиња на позајмица во Интер.
Барселона подготвена да го испрати Рафиња на позајмица во Интер

Раководството на Барселона е подготвено да го ослободи играчот од средниот ред Рафиња на позајмица во Интер.

Во последниве денови, шпанскиот печат пишуваше за преговорите помеѓу двата клуба кои се развиваат доста добро. Се очекува Бразилецот да игра како позајмен фудбалер на „Џузепе Меаца“ до крајот на сезоната, со можност за откуп на договорот во износ од 18 милиони евра.

24-годишниот Рафиња до неодамна закрепнуваше од сериозна повреда која го оддалечи од терените од април.

Интер е исто така е заинтересиран за крило на Барселона Жерар Деулофеу, но Каталонците за него бараат обештетување во висина од 15-20 милиони евра.

Поради запазување на финансискиот фер-плеј, Интер не може да купи нови играчи во зимскиот рок, освен ако не продаде некој од неговите сегашни фудбалери. Поради оваа причина, трансферот на Деулофеу е малку веројатно да се случи, а кандидат за негов потпис е Наполи.