среда, 26. септември 2018. Вести денес: 1
home Фудбал

Барселона ја декласира Селта за место во четвртфиналето во „Копа Дел Реј“

Барселона забележа убедлива победа од 5-0 во реванш натпреварот од осминафиналето одигран на „Камп Ноу“.
Барселона ја декласира Селта за место во четвртфиналето во „Копа Дел Реј“

Бранителот на тофејот во фудбалскиот Куп на Шпанија, екипата на Барселона е последниот патник во четвртфиналето на ова натпреварување.

Барселона забележа убедлива победа од 5-0 во реванш натпреварот од осминафиналето одигран на „Камп Ноу“.

По нерешените 1-1 на првата средба во Виго, каталонскиот тим во реваншот ја покажа сета своја моќ, па веќе за половина час постига четири гола.

Лионел Меси за две минути постигна два гола, првиот во 13-та, а вториот две минути подоцна (15).

По малото затишје, Жорди Алба во 28.минута беше стрелец на третиот гол, а веќе во 31.минута четвртиот го постигна Луис Суарез.

Конечните 5-0 за Барселона ги постави Иван Ракитиќ на три минути пред крајот (87).

Со тоа, Барселона го комплетира списокот на осум екипи кои ќе играат во четвртфиналната фаза. Покрај бранителот на трофејот меѓу осумте најдобри во Копа Дел Реј се пласираа и Севиља, Еспаљол, Атлетико Мадрид и Валенсија, Реал Мадрид, Алавез и Леганес,

Првите средби од четвртфиналето ќе се играат на 17-ти, а реванш дуелите на 24-ти јануари.